Младите луѓе од неформалната заедница Глобал Шејперс Скопје апелираат до своите сограѓани и пријатели од ширум светот да ја поддржат нивната онлајн кампања „На Скопје му треба твојата помош“ за собирање на средства за настраданите од поплавите во Скопје. Кампањата завршува за 10 дена, и досега се собрани околу 38 илјади денари од планираните 150 000мкд.

 

Хуманите луѓе кои сакаат да им помогнат на настраданите од поплавите во Скопје имаат можност тоа да го направат онлјан, брзо и безбедно преку LetsFundIt.mk -првиот македонски сервис за crowdfunding. По завршување на кампањата, без разлика на вкупниот број на прибрани средства, распределувањето на донациите ќе биде организиран директно од членовите на Глобал Шејперс Скопје до најпогодените семејства од поплавите. Предвидена е соработка со организациите, волонтерите и граѓаните кои помагаат на терен и со сите оние што можат да се изјаснат околу проценката на штети, за процесот на одлучување да биде правичен.

До сега собраните средства доаѓаат од 10 различни држави од светот, а поддржувачите учествуаат со 100 денари минимална донација.

 

„Глобал шејперс е меѓународна мрежа и ние ја започнавме оваа кампања бидејќи многу од нашите пријатели ни се обратија прашувајќи не прво дали сме добри после поплавите, а потоа и како можат да ни помогнат. Со овие поплави кои сите нам не’ шокираа на површина испливаа многу работи, проблеми и предизвици кои допрва не’ чекаат да ги разрешуваме. Но, на површина исплива и човечката хуманост и граѓанската солидарност. Така, одлучивме дека мора нешто да направиме за нашето Скопје и скопјани.“  изјавија од хабот на Глобал Шејперс Скопје.

 

Скопскиот хаб на Global Shapers е дел од мрежа на 454 хабови во целиот свет. Global Shapers е младинска локалнa иницијатива на Светскиот Економски Форум која поттикнува и превзема иницијативи за општествена одговорност и промена во заедниците и овозможува видливост на исклучителни постигнувања и успешни личности од земјата и светот.
Во Македонија Глобал Шејперс иницијативата е препознаена по настанот iFail (Јас грешам) кој го организираше лани во декември и кој беше проследен со огр
омен интерес и бројна публика.  Преку овој настан за прв пат во Македонија јавноста имаше можност да чуе за грешките и неуспесите на успешните луѓе и отворено да разговара за предизвиците, во општество каде неуспехот е табу тема, асоцирана со срам и страв. 

Коментари