Младински центар Креактив  Кавадарци во соработка со општина Квадарци и други компании, 
традиционално, по 2ри пат, на 27ми август, ќе организира МЕЃУНАРОДНИ 
ПОЛУПЛАНИНСКИ ТРКИ ВО ТРЧАЊЕ - КАВАДАРЦИ ТРКИ 2016 - „BORN TO RUN“. 
Трите планирани рути се со должина од 10км, 5км и 3км. Стартот за 
10километарската рута е на Витачот во близина на Кавадарци.

Минатата година на истиот настан учествуваа 80 натпреварувачи.

Трките на 27ми август стартуваат во 17:30, а сите регистрирани тркачќи 
треба да се сретнат во 4:30 на градскиот плоштад во Кавадарци од каде 
што ќе ги земат своите тркачки бројчиња и ќе бидат одвезени со 
организиран превоз до стартните точки.

Покрај големиот настан на 27ми август, на 3ти септември ќе се реализира 
уште едно планинско трчање со должина од 16км од Градскиот парк во 
Кавадарци до селото Страгово, Кавадаречко.

Трчањето од 16км на 3ти септември ќе почне од 17:00 часот, а сите 
регистрирани тркачи треба да бидат на градскиот парк во Кавадарци во 
16:45 попладне.

Информации на македонски и на англиски јазик во врска со двата настана 
можете на најдете на веб-страницата http://kavadarcirace.weebly.com и на 
https://www.facebook.com/kavadarci.race/?fref=ts .

За сите рути, возрасна граница нема, но се молат регистрираните тркачи 
одговорно да ја земат предвид својата физичка подготвеност. За пријавени 
тркачи под 18 годишна возраст ќе биде потребна потпишана изјава од 
родител/старател дека личноста е физички спремна да учествува.

Партиципација:
10км трка -- 250 ден.
5км трка -- 150 ден.
3км трка -- 100 ден.
16км планинско трчање -- 300 ден.

Попусти за членови на спортски клубови и на невладини и младински 
организации: За група од петмина - плаќаат само четворица. За група од 
десетмина - плаќаат само седуммина.

Лице за контакт: Елена Данова
elena@kreaktiv.mk
/elenadanova9@gmail.com/



Коментари