Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците, бара заинтересирани експерти/ки за испорака на 8 еднодневни обуки за меки вештини на лица со попреченост. Обуката е во рамки на проектот: Вработување на лица со попреченост – одржлив модел, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Отворете ги прозорците во партнерство со Конект.

Целта на проектот е да поттикне еднакво и активно вклучување на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот преку: Подобрена вработливост и пристап на отворениот пазар на трудот за лицата со попреченост; Зајакнати капацитети на компаниите да нудат пристапни работни места и Подобрено информирање за потребите, можностите и придобивките од вработувањето лица со попреченост.

Опис на работните задачи

Главната цел на ангажманот е испорака на 8 еднодневни обуки кои се во функција на зајакнување на капацитетите и зголемување на можностите за вработување и пристап до пазарот на труд на  лицата со попреченост. 

Учесници на обуката се 120 лица со попреченост, вклучувајќи: телесна, интелектуална, оштетување на вид,                 оштетување на слух,    аутизам, комбинирана и неисклучувајќи друг вид попреченост. За да се обезбеди индивидуален пристап и доволно време за практична работа, учесниците ќе бидат распределени во осум групи според сопствените вештини и потреби. 

Сите обуки ќе бидат спроведени во Скопје.

Содржината на обуката треба да ги опфати следниве основни теми за развивање „меки вештини“ за вработување:

-          подготовка за интервју за работа, односно подобрување на комуникациските и вештините за интервју,

-          подготовка на CV,

-          пишување мотивационо писмо (вклучувајќи добивање дополнителни информации за потенцијалниот работодавач)

-          дополнителни содржини во зависност од потребите на групата

Содржината и оценката на обука треба да биде испорачана преку методологија која ќе биде прилагодена на потребите на соодветната група, а воедно да обезбеди висок степен на интеракција и активно вклучување на учесниците. За таа цел покрај обучувачот/ката, во обуките ќе биде вклучена и искусна обучувачка /експертка од Отворете ги прозорците.

Терминот планиран за обуките е јуни-јули 2016 година.

Договор и надоместок за обучувачот/ката

Ангажманот се заснова на плаќање по испорачана еднодневна обука за меки вештини на лица со попреченост

Надоместокот за испорачана обука е 200 евра бруто во денарска противвредност. Износот ги вклучува сите трошоци поврзани со ангажманот.

 

Ангажманот ги вклучува следниве специфични обврски:

-          Подготовка на програма и содржина на обуката

-          Прилагодување на програмата и содржина на обуката заедно со обучувачката/експертката од Отворете ги прозорците

-          Спроведување на програмата

-          Развој на инструмент за оценка на стекнати знаења

-          Финален извештај кој ги вклучува резултатите од оценката на обуката од страна на учесниците 

Потребни квалификации

Обучувачот/ката  треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

-        Завршено високо образование;

-        Искуство во дизајнирање, прилагодување и спроведување обуки со користење на интерактивни методи за учење на различни целни групи;

-        Експертиза од областа на меките вештини и подобрување на општата вработливост;

Искуство во работа со лица со попреченост ќе се смета за предност

Потребна документација

Понудата треба да го содржи следново:

-        Детална биографија (CV)

-        Писмо за интерес

-        Референтна листа на одржани обуки која треба да ги вклучи нарачателот, темата и целната група

Кандидатот/ката може да се пријави за спроведување на една или повеќе обуки за различени групи. 

Критериуми за избор

Критериум за избор на обучувачите се:

-        Експертиза во областа -  50 бодови

-        Претходно искуство во развивање и испорака на обука - 50 бодови

Рок за пријавување

Пријавите со придружната документацијата треба да се достават најдоцна до 08 Јуни 2016 година по електронска пошта на: vjovanova@openthewindows.org

Коментари