Во периодот декември 2015 – Август 2017 година, Коалицијата на младински организации СЕГА заедно со здруженијата ЕАСП и КАБА (Словачка) го спроведува проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата – за младите од младите“, во рамките на програмата „Подобрување на социјалната инклузија“ финансиран од Европската Унија преку ИПА 4 компонентата Развој на човечки ресурси.

Главната цел на проектот е да се олесни социјалното вклучување на ранливите групи на млади луѓе преку создавање на еднакви можности за пристап до пазарот на труд.

Во состав на проектот, Коалицијата на младински организации СЕГА во периодот август 2016 – март 2017 ќе спроведува програма за јакнење на вработливост која ќе вклучи:

1) градење на обучувачки вештини за претставници на граѓански организации и институции за вработливост и рано кариерно насочување,

2) Обуки за деца/млади без родителска грижа, деца со образовни и социјални тешкотии; младите невработени лица корисници на социјална помош.

Овој повик се однесува на компонента 1, која претставува Обука за обучувачи за Рано Кариерно Насочување и Биланс на Компетенции. Оваа методологија се применува во Словачка и како позитивна пракса ќе се применува и во Република Македонија.

Обуката за обучувачи ќе трае 8 работни денови и ќе се одржи во 3 дела:

1 дел: 16 – 18 август 2016 (Рано Кариерно Насочување)

2 дел: 24 – 26 август 2016 (Биланс на Компетенции)

3 дел: 29 – 30 август 2016 (Биланс на Компетенции)

 

По завршувањето на Обуката за обучувачи, ќе биде потпишан Договор со обучувачите за понатамошен ангажман, поврзан со компонента 2. Селектираните учесници се обврзани да учествуваат на сите обуки – 8 работни денови за да потпишат Договор за понатамошен ангажман. Понатамошниот ангажман ќе вклучува испорака на стекнатото знаење на деца и млади во ризик.

Според тоа, со овој повик се охрабруваат претставниците на граѓанските организации од Прилеп, Штип, Прилеп и Битола да аплицираат за учество на Обуката за обучувачи.

* предност при селекцијата ќе имаат претставници на организации членки на Коалиција СЕГА

 

Кандидатите кои сакаат да се пријават треба да пополнат и достават Апликација заедно со Кратка биографија. Преку повикот ќе бидат селектирани 8 кандидати (по 2 од секој град).

 

Селекцијата ќе се базира врз основа на следните критериуми:

  • Високо образование – завршено или во тек (високо образование во областа на социјални науки ќе се смета за предност)
  • Претходно искуство како обучувач на најмалку 3 обуки поврзани со вработливост/комуникациски вештини (референтната листа да биде дел од кратката биографија)
  • Претходно искуство во работа со деца / млади во ризик

Крајниот рок за доставување на апликациите е 08 јуни 2016, до 16:00 часот.

 

Кандидатите кои ќе се пријават но повикот ќе бидат информирани за исходот по нивната апликација најдоцна до 15 јуни 2016.

 

Ненавремено и нецелосно доставените документи нема да се разгледуваат. 

Потребната документација во електронска форма да се достави на е-маил адреса: aplikacija@sega.org.mk

Коментари