Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP) во соработка со Амбасадата на Шведска, USAID, невладината организација MilieuKontakt и Центарот за социјални иновации и  Министерството за животна средина и просторно планирање организира настан на кој иновативните идеи ќе се реализираат во прототипи што ќе ги намалат последиците од климатските промени.

 
Во тек е повикот за идеи кој трае до 28-ми февруари, чија цел е  најдобрите идеи да ги превори во вистински решенија.


Предизвикот #OдТебеЗависи е отворен за сите  граѓани кои сакаат да помогнат на некој начин, дали со намалување на загадувањето или со подигање на свеста на граѓаните, од кои 60 отсто живеат во урбаните центри, и 30 отсто од нив живеат во Скопје кое е, за жал, застрашувачки загадено. Предизвикот подразбира секакви иновативни идеи, вклучувајќи и употреба на паметни технологии.


Најдобрите две идеи ќе добијат по 10.000 долари за да го усовршат својот прототип или за спроведување на иновативни кампањи за подигање на свеста. Дополнително, на победниците ќе им биде понудено менторство и поддршка за идентификување на потенцијалните партнери.

Коментари