Во 2015 година, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе одбележи 40 години од потпишувањето на Хелсиншкиот финален акт. Оваа годишнина претставува убава можност да се потсетиме на заложбите на земјите членки за креирање сеопфатна безбедност и надминување на предизвиците на 21 век.

Како да аплицирате:

-          Сите студенти на додипломски или постдипломски студии (запишани на еден од универзитетите во државата) можат да поднесат предлог за есеј

-           Заинтересираните студенти предлогот напишан на англиски јазик (не подолг од 300 зборови) можат да го испратат на Mihajlo.lahtov@osce.org, најдоцна до 20 февруари, 2015 година

-           Авторите на предлозите кои ќе бидат одобрени ќе треба да напишат есеј (на англиски, македонски или албански јазик) кој ќе биде оценуван од независна комисија (максимум 3.000 зборови)

-          Учесниците чии предлози ќе бидат одобрени ќе бидат поканети на еднодневна посета на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Предлог теми:

·         Улогата на ОБСЕ како најголема регионална безбедносна организација во светот и нејзината еволуција во иднина

·         Обврските на ОБСЕ на полето на човековите права, демократијата и владеење на правото и нивната релевантност за државава

·         Улогата на Мисијата на ОБСЕ во државата и нејзиниот придонес во надминувањето на предизвиците во различни области (образование, меѓуетнички односи, човекови права, владеење на правото, добро владеење, полиција итн.)

Предлози на други теми поврзани со работата на ОБСЕ се исто така добредојдени.

Авторите на најдобрите три есеи ќе бидат наградени со студиско патување во Виена и посета на седиштето на ОБСЕ.

Контакт:

Михајло Лахтов

тел: +389 2 323 4615

моб: +389 70 358 920

и-мејл: Mihajlo.lahtov@osce.org

веб: www.osce.org/skopje/

Коментари