Како резултат на истекувањето на тековната Национална стратегија за млади и изменетите општествени услови и состојбата на младите во Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP) објавува Повик за фасилитатори за процесот на креирање на нова Национална стратегија за млади за периодот 2016-2025.

Целта на овој процес  е да се развие  нацрт-документот на новата Национална стратегија за млади со помош на тим на сениор и јуниор фацилитатори, кои ќе ги водат низата тематски работилници, со цел да се обезбеди инклузивен процес предводен од младите. Фацилитаторите ќе бидат поделени по тематски работилници и секој од нив ќе биде задолжен за изготвување на нацрт текстот на документот на Националната Стратегија за Млади врз основа на преглед на добиените информации од сите вклучени страни во текот на работилниците и интернет / веб-базираната платформа.

Заинтересираните лица можат да аплицираат на следните линкови :

http://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=52948 –Senior National Facilitator

http://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=52947 – Junior National Facilitator

ToR Junior Facilitators-final-mkd.docx
ToR Senior Facilitators-final-mkd.docx


Коментари