Во текот на септември 2014 година беше објавен конкурс за избор на најдобар млад поет, во чии рамки учествуваа 86 млади луѓе.Од страна на стручна комисија, формирана од членови на  Друштвото на писатели на Република Македонија, беа избрани најдобрите три творби од следниве млади автори:

Андријана Коровешовска (прва награда) за авторско дело „Потрага“,

Антонета Ристоска (втора награда) за авторско дело „Јулска секвенца“ и

Мартин Каровски (трета награда) за авторско дело „Сведок“.

 Одбрани дела од сите пристигнати творби ќе бидат објавени во збирка поезија која ќе биде објавена во текот на декември 2014.

Проектот има за цел да го поддржи творештвото на младите луѓе.









Коментари