ams dk zakon za mladi

Собранието го усвои предлог законот за младинско учество и младински политики.

За прв пат во нашата држава имаме закон за млади, со кој се третираат нерегулираните прашања од областа на младите.

Ова законско решение беше креирано со вклученост на сите засегнати страни, кои беа дел од целиот процес од самиот почеток.

-Со овој закон за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефиниратт формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младински политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесот на креирање на политики за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога, истакна Каевски

Законот предвидува и поттикнување на волонтерството, младинските работи и младински активизам, поттикнување на личен, социјален и професионален развој на младите, поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Законот предвидува и изработка на нова 5 годишна Национална стратегија за млади која ја изработува Агенцијата за млади и спорт, а ја донесува Владата.

Општините и градот Скопје се обврзани да формираат канцеларии за млади издвојувајќи 0,1 и 0,3% од своите буџети, а регистарот ќе го води Агенцијата за млади и спорт.

Коментари