ams dk daceva

Агенцијата за млади и спорт на 31.10.2019 година објави конкурс за млади претприемачи, со кој ги повика сите млади лица кој сакаат да отпочнат со свој бизнис да аплицирааат на јавниот повик за избор на најдобра бизнис идеја во рамките на проектот Млади претприемачи.

Стручната комисија за избор и селекција на најдобриот бизнис план, ги разгледа апликациите и одлучи кој од апликантите ги исполнува сите пропишани услови за одобрување.

Врз основа на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година во делот за млади, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука за доделување награда-финансиска поддршка за најдобар бизнис план од Проектот „Млади претприемачи“ и одобри средства во вкупен износ од 517.647,00  денари на Софија Дацева  за реализација на бизнис  планот  “Валоризација на  отпад и производство на иновативен технолошки процес во прехранбената индустрија’’.

Коментари