logo ams

Агенцијата за млади и спорт во насока напоттикнување науметничкото изразување кај младата популација, по петти пат го организира проектот ,,Млади Уметници”. Проектот започна со објавување Конкурс од страна на Агенцијата за млади и спорт во пет категории (сликарство, скулптура, фотографија, графика и графички дизајн) каде независна Комисија од познати уметници по пристигнатите уметнички дела ги избра најдобрите.

По тој повод на 2 декември со почеток во 14 часот во Музејот на Град Скопје, ќе биде отворена изложбата на која ќе бидат соопштени најдобрите во следните категориии:  сликарство, скулптура, графика, графички дизајн и фотографија, каде ќе за најдобрите ќе бидат доделени парични награди.

Коментари