Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за најдобри млади поети, каде интересот оваа година беше преголем по објавениот Конкурс.По тој повод, денес, во просториите на АМС се доделија наградите за најдобрите творби, кои добија симболични награди во износ од 20 илјади денари за прво место, 15 илјади денари за второ место и 10 илјади денари за трето место.

Директорот Дарко Каевски ги поздрави младите поети и им честиташе за инспиративните мисли кои ги преточија на хартија и додаде дека е пријатно изненаден од заинтересираноста за учество на младите на Конкурсот за млади поети.

- Пријатно е чувството да се биде со толку инспиративни млади луѓе, кои своите мисли ги преточуваат на лист хартија и творат поезија. И оваа година пристигнаа голем број творби, кој се надевам дека од година во годинаа ќе има тенденција на зголемување. Стручната комисија во состав Христо Петревски- претседател, Весна Мојсовска Чепишкова, Кристина Николовска, Севдаил Демири и Делвина Керлуку имаа тешка задача да ги одбере најдобрите. Меѓутоа заклучокот е дека сите млади кои творат се победници, зошто како што рекле постарите ,,убавиот збор железни врати отвора” истакна Каевски.

На крајот, тој им подели награди на најдобрите во категоријата од 15 до 20 години: Ана Младеновска со творбата под наслов ,,Еднорог и Венера”, прво место, Лиле Стефановска со творбата под наслов ,,Слушни ја тишината‘‘ беше второнаградена, додека пак творбата со наслов,,Мојата сакана‘‘ на авторот Беса Мениши беше третонаградена.

Додека во повозрасната категорија од 21 до 29 години првонаградена творба беше ,,Гатанка” од авторот Лина Дамјан,  ,,Рожби на светот” на авторот Андријана Пецова беше второнаградена, а третонаградена беше Мануела Златкова со творбата ,,Уште од раѓање‘‘.

ње‘‘.

Коментари