Stop nasilstvo 4

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи за спречување на насилството од каков било вид, со посебен осврт на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза. За целите и активностите што се преземаат како дел од оваа кампања на прес-конференцијата што денеска се одржа во просториите на Град Скопје зборуваа градоначалникот Петре Шилегов, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Каевски во своето обраќање се осврна дека со продолжување на оваа кампања ќе се работи на подигање на свеста кај младите луѓе за говорот на омраза како еден вид на насилство кое што често може да повреди посилно од физичкото насилство и да остави тешки психички последици.

- Светската здравствена организација потенцира дека насилството има долгорочни последици на психичкото и физичкото здравје кај младите. Жртвите на насилство често не го пријавуваат нападот. Сведоците понекогаш одбиваат да преземат нешто. Поради тоа заедно мора да го запреме тоа и да го искорениме уште во самиот старт.  Токму затоа сме тука, да упатиме јасна и недвосмислена порака до сите млади, никогаш, ама никогаш, да не предизвикуваат, да не поттикнуваат и да не потпалуваат ситуации каде на крајот сите ќе бидат губитници. Таквото однесување е неприфатливо за младиот човек. Со брендирањето на автобусот, кој е дел од кампањата, сакаме да допреме до младиот човек, да му ги доближиме последиците од секое такво однесување и заедно со младите да свртиме нова страница во животот, а тоа се пријателствата, дружењата и меѓусебната почит, - изјави Каевски.

,,Насилството раѓа насилство, сопри го, не го разгорувај” е кампања која Агенцијата за млади и спорт ја започна уште минатата година со промовирање видео записи на тема ,,СТОП на насилството и омразата”, а денес продолжува преку брендирање на автобусите со логото на истата за поголема достапност до младите.

Stop nasilstvo 2

Stop nasilstvo 7

Коментари