EU NATO KAEVSKI

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија учествуваше на финалната конференција на тема “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки.

Каевски потенцираше дека со оспособувањето на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки ќе се придонесе кон изградбата на младински капацитети и идни лидери и креатори на политики, со цел поддршка на демократските вредности, доброто владеење и вклученоста на поширокото општество во процесите на донесување одлуки во државата.

-Долгорочната цел на оваа акција е да се поттикне поголемо учество на младите во процесите на донесување одлуки преку развој на капацитети за активен ангажман на младите и преку поттикнување поголема мобилност и соработка. Покрај ова, акцијата е насочена кон зголемување на разбирањето за НАТО и ЕУ и изградба на позитивен став за унапредување на евро-атлантските вредности, - изјави Каевски.

Коментари