ams stop poroci 2019

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’.Спроведувањето на  Проектот  продолжува  во  Општина Велес, Кочани, Кичево и Пробиштип  со реализација на едукативните работилницикаде  се опфаќаат учениците од   VII, VIII и IX  одделение.  Работилниците   се реализират од страна на   Агенцијата за млади и спорт во соработка  со Црвен Крст на  Република Северна  Македонија.Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците за заштита и превенција од пороците, едукација и информирање на младите луѓе за негативните појави и последици од пороците, подигнување на степенот на знаења и способности на младите за правилно да ги препознаат правите знаци и симптоми на негативните појави (дрога, алкохол, цигари ) и запознавање на младите со корисните и здравите навики и стилови на живеење.

Во рамки на проектот досега беа вклучени околу 12 000 ученици. Агенција за млади и спорт и во натамошниот период ќе продолжи да го спроведува проектот и во останатите општини во Република  Северна Македонија.

ams stop poroc

Коментари