ams dk boks

-Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става Златен гонг на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата државаВели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

На прес конференцијата свое излагање имаше и секретарот на боксерската федерација Бранко Илиевски, како и селекторот на македонската боксерска репрезентација Хесус Сојет.

Манифестацијата ќе се одржи од 07-09 ноември во спортскиот центар Борис Трајковски”, со учество на 8 држави.

Нашата репрезентација ќе настапи со четири боксери. 

ams zg

Коментари