ams dk sala n

Претставници од Агенцијата за млади и спорт го посетија Неготино, каде во присуство на градоначалникот и советниците на Општина го означија стартот на реконструкцијата на спортската сала “Младост” во Неготино, која долго време беше вон употреба.

 Ова што денес го најавуваме е всушност вовед во реконструкцијата на капиталниот спортски објект, салата ,,Младост”, која во минатото беше, но и во иднина очекуваме да биде епицентарот на спортски збиднување во овој регион. Со реконструкцијата на салата ќе ја подигнеме мотивацијата кај младите за спортување и рекреација, а со тоа, оваа најсензитивна категорија, ќе ја оттргнеме од пороците на 21 век. Очекуваме до март идната година, спортската салата да биде готова и подготвена за користење на граѓаните и спортските клубови од Неготино.

Коментари