ams dk grupna oi

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција на која учество земаа директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Боречка федерација, Бетим Вренези и освојувачот на бронзениот медал, Могамедгаџи Нуров.

-    Ова е историски момент, и прва обезбедена норма за Олимписките игри во Токио, и во таа насока сакам да изразам голема благодарност од мое име и од името на Агенцијата за млади и спорт. Во соработка со Боречката федерација обезбедивме беспрекорни услови за подговителниот период, контролните натпревари, како и настап на борачите на меѓународните натпревари и сето тоа вроди со плод, истакна Каевски.

Тој додаде дека спортот е алатка за премостување на различностите, особено во една мултиетничка средина како што е нашата.

Со освоената бронза на светско првенство, Нуров станува добитник на стипендија од светска категорија на Агенцијата за млади и спорт.

Нуров истакна дека медалот е очекуван, иако патот до него воопшто не бил лесен. Тој се заблагодари на сите членови на Боречката федерација и Агенцијата за млади и спорт за одличните услови, со надеж за олимписки медал за нашата држава.

На прес конференцијата свое излагање имаше и претседателот на боречката федерација Бетим Вренези, кој беше дециден во намерите на федерацијата да го врати борењето на врвот на спортовите кај нас.

-За една година обезбедивме две бронзи во кадетска и сениорска конкуренција. Ова што го направи Нуров е огромен успех, тој се избори со 35 илјадна публика, но и со неговите противници и судии, што е за пофалба, истакна Вренези.

ams dk nurov

Коментари