ams pmf h

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски присуствуваше на Институтот за Хемија при Природно математичкиот факултет, по повод одличното претставувањето на нашите млади хемичари на 51 олимпијада по Хемија, во Париз, Франција.
51-та Меѓународна олимпијада по хемија, се одржа на крајот на јули, со учество на 309 ученици од 80 држави од целиот свет, и истата влегува во топ три олимпијада од областа на образование.
Остварени се одлични резултати на нашите учесници Александар Трајковски, Руфија Идризовска и добитниците на бронзени одличја Стефан Стојковиќ и Стефан Дамчевски.
Одличен резултат е обезбеден и во експерименталниот дел, каде се остварени 97% успешност.
Тимот беше финансиски поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт и Фондот за иновации и технолошки развој.
Успехот на нашите млади хемичари е дотолку поголем, ако се земе фактот дека ова е година на периодниот систем, 150 години од неговото составување, како и 100 годишнината од постоење на IUPAC (International Union of Pure and Applied Chemistry) - најголемата хемиска организација.
Агенцијата за млади и спорт останува на страната на младите.

ams pmf

Коментари