paraglajding

Одржувањето на 16-то ФАИ Светско првенство во параглајдерство, на кое домаќин ќе биде градот Крушево и Пелагонискиот регион,беше најавено на прес конференција, која се одржа во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

На прес-конференција свое обраќање имаше директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Воздухопловната федерација на С.Македонија, Владимир Бараковски и градоначалникот на Крушево, Томислав Христовски.

-Агенцијата за млади и спорт во соработка со Воздухопловна федерација и Општина Крушево во изминатиов период беа организатори на повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство, што условија и добивање на организација на натпревар во параглајдерство од светски размери, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Тој додаде дека е ова е можност за промоција на спортот, но и природните убавини на Крушево и Пелагонискиот регион, и ги повика сите вљубеници во спортот да бидат дел од овој настан.

Светското првенство ќе се одржи од 5-18 Август со учество на 150 пилоти од 49 нации, а нашата репрезентација ќе биде составена од тројца успешни летачи.

Градоначалникот на Општина Крушево ги повика сите заинтересирани да го посетат градот кој е дел од мапата на Спортски авантуристички туризам

Коментари