Ams slika 1

Агенцијата за млади и спорт ги информира сите млади лица дека средствата предвидени за 2019 година за награди на млади талентирани лица, кои се доделуваа согласно Правилникот за определување постапка и утврдување на критериуми за доделување на награди на млади талентирани лица во Република Македонија и Јавниот повик објавен во јануари за истата намена, се искористени. 

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување на критериуми за доделување на награди на млади талентирани лица во Република Македонија, јавниот повик се затвара и истиот ќе биде објавен во јануари 2020 година, по обезбедување на нови средства од буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена. 

Коментари