ams vau

Агенцијата за млади и спорт ги додели ваучерите за Националните спортски федерации, мерка која беше одамна најавена, а е во насока на подобрување на работата на спортските федерации, преку изнаоѓање партнери за соработка кои ќе ги искористат поволностите од законот за ослободување од законот за добивка.

Доделувањето на ваучерите беше во просториите на Агенцијата за млади и спорт од страна на директорот на АМС, Дарко Каевски, советникот за спорт при Владата, Даниел Димевски, како и раководителот на секторот спорт при АМС, Томислав Андоновски.

-Ова е всушност повик до сите компании да помогнат во реализација на средствата од спортските ваучери. Благодарност до премиерот на државата, УЈП, Министерството за финансии, советниците за спорт во владата на РСМ, како и до сите членови на посебната комисија при АМС, изјави Каевски.

Тој додаде дека е планиран и караван на мотивирање на приватните сопственици, да вложуваат средства во спортот.

Советникот за спорт во владата на РСМ, Даниел Димевски додаде неколку информации во делот на искористување на средствата, кои ќе има можност да се користат веднаш, а потенцираше дека се отворени за соработка со сите спортски институции во делот на изнаоѓање партнери за соработка, во колку имаат проблем во тој дел.

Мерката за поттикнување во спортот од сегашните 6 милиони, има тенденција да прерасне во 10 милиони евра, додавајќи дека ова е пилот проект, а вети и посебни мерки насочени кон врвните спортските клубови кои имаат настапи на меѓународен план.

Со внимателно обработени податоци, направена е детална анализа и одредена е висината на вредноста на ваучерот.

Така на пример, РФМ доби ваучер од 15.291.540, Кошаркарска доби ваучер од 12.511.000, а Одбојкарска федерација 10.426.000.

Коментари