ams bodi

Директорот на АМС, Дарко Каевски ја прими бодибилдинг и фитнес репрезентацијата на Северна Македонија, по успешниот настап на Балканското Првенство на Крф во Грција.

Македонската репрезентација беше предводена од претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски а се закити со 6 медали и две финалиња, Златни-Мери Акиевска категорија Велнес, Ивица Јанев категорија Физик Класик, Сребрени- Даница Анастасиевиќ категорија Боди-Фитнес Ветерани и Драган Стојчевски категорија Физик Ветерани, Бронзени- Мартин Манасиевски категорија Бодибилдинг до 75 кг и Ѓорѓи Божинов категорија Физик Јуниори.

Коментари