ams dk potpis

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт, со што беше донесената конечната одлука за финансиска поддршка на невладините организации.

Претставници од сите невладини организации, кои влегоа во редот на добитници на средства, денес во Агенцијата за млади и спорт ги добија договорите за соработка.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги потпиша договорите и им посака на сите присутни плодна и успешна работа, верувајќи дека секоја наредна година фондот за поддршка на младинските организации ќе биде поголем.

Коментари