Ams slika 1

По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-303/2 од30.01.2019 година.Огласот за финансирање на невладините организации се однесуваше во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите, развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, поттикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа.

На огласот пристигнаа 74 апликации од страна на невладините организации, од кои 43 во дадениот рок а 31 по истекот на рокот.

Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт, со што беше донесената конечната одлука за финансиска поддршка на невладините организации.

Ред.бр. Назив на организација Назив на проект Одобрен обуџет
  СМР Образовни можности за младински работници 265.000
  ЗК МЛАДИТЕ МОЖАТ Кариерен пат: Направи го првиот чекор 245.000
 
ВИЗИЈА 2020 ШТИП

Со  повисоки компетенции до поголема вработливост на младите 290.000
 
МИЕС

Мисли , изрази се, информирај се 280.000
  ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД Кликни лајк ако си за хајк  270.000
  ЗЕ ЗЕЛЕНА СИЛА – ОХРИД  Рециклирањето придонес кон животната средина 290.000
 
ИОИ -МК 91

Младите за младински политики  290.000
 
ХЕРА – СКОПЈЕ

Сексуално образование- имам право да знам  225.000
  МИДС- БИТОЛА Дебатирај ! За активно учество во заедницата 290.000
 
ЗОГВП УРБАНО ОПШТЕСТВО Скопје

Спознај ги човековите права и кажи Да за еднаквоста и родовата рамноправност 290.000
  ДОМИНИУМ КУЛТУРНО ЈАДРО  Развој на кариера 265.000

Коментари