ams dk i k

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое од 28-31 март се одржа во Гвадалахара- Шпанија.

Бронзен медал за најдобриот Емил Павлов, како и повторување на одличното пето место за Пуликсенија Јовановска.

Одлично претставување на машкиот тим, како и новиот сениор Фахик Весели, и пораз во четврт финалето за Берат Јакупи.

На прес конференцијата која се одржа во Агенцијата за млади и спорт директорот Каевски имаше само пофални зборови.

-Успешниот настап на нашите каратисти е уште еден доказ за нагорната линија по која оди спортот во држава, но и потврда дека каратето е спорт од кој најмногу очекуваме, и спорт кој ги подига спортските стандарди.

Патеката по која се движат нашите каратисти води кон Токио, и јас искрено се надевам дека истата успешно ќе ја поминеме, со заеднички залагања, истакна Каевски.

-Континуитетот на остварување на медали од европските првенства е мотивација плус кон остварување на мојата животна желба, а тоа е пласман на олимписки игри.

Моето учество на европските игри во Минск ќе го трасираат мојот пат кон Токио, и јас искрено се надевам дека ќе го поминам, изјави Павлов.

Тој додаде дека неговиот успех е успех на еден огромен тим составен од личен, кондиционен тренер, селектор, федерација која стои зад него, како и МОК и Агенцијата за млади и спорт, без кои не е можно да се оди во нагорна линија.

На прес конференцијата свое излагање имаа и тренерите на државните селекции во борби и кати, Жарко Арсовски, и Стојан Андриевски, како и освојувачката на петтото место во кати, Пуликсенија Јовановска.

 

Коментари