ams logo dijana 1

Агенцијата за млади и спорт (АМС) поради последните настани поврзани со случувањата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ја информира јавноста за следново:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во саботата (16.03.2019 година) на официјална прес-конференција во просториите на институцијата, го изнесе ставот на АМС дека  ФФМ мора да го усогласи Статутот, актите и своето работење со законите на Република Северна Македонија и Собранието на федерацијата да ги верифицира и да обезбеди услови за напречена работа. Каевски, тогаш додаде дека било какво одржување на Собранието спротивно на законот, истото го прави нелегитимно, со што ќе се предизвика сериозни проблеми во развојот на фудбалскиот спорт во нашата земја.

Токму, поради тоа, сакаме јасно, прецизно и недвосмислено да изјавиме дека АМС останува на ставот кој беше изнесен од страна на Каевски токму на таа прес-конференција. Секој друг став изнесен во врска со случувањата околу ФФМ, особено од страна на лицето Гзменд Ристеми, претставува личен став, кој не е во согласност  со ставот на Агенцијата за млади и спорт.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Агенција за млади и спорт

Коментари