Агенција за млади и спорт Ве информира дека крајниот рок за поднесување на проектните апликации од Јавниот повик за финансирање на здруженија и фондации е 02.03.2019 година. Поради забелешките што ги добивме од страна на организациите за продолжување на рокот во делот на доставување на потребната документација, овозможуваме дополнителен рок од 7 дена (односно до 09.03.2019), за комплетирање на поднесените апликации со потребните документи, со цел да спречиме дел од организациите поради технички причини да не учествуваат во повикот. 

Ја користиме оваа можност уште еднаш да ги охрабриме сите заинтересирани организации кои работат на полето млади да ги поднесат своите предлог проекти во дадениот рок.

Коментари