ams zamenik v

Заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт Газменд Ристеми организираше прием за младиот велосипедски талент Даим Муареми.

Даим има 14 години и членува во Велосипедскиот спортски клуб Адреналин од Гостивар.

Учествува на сите трки од Календарот на натпревари на Македонската Велосипедска федерација, и има остварено одлични резултати меѓу кои:

-          Прво место на Државниот натпревар со хронометар (13 км) за деца до 15 години

-          Трето место на Ридска трка (15км) за деца до 15 години,

-          Четврто место во Друмска трка (60км) за деца до 15 години, со кои резултати  го дели второто место  на ранг листата на Велосипедската федерација во својата возрасна категорија. 

Коментари