Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото кај младите луѓе објавува јавен повик за учество во обука за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини.

Обуката е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис.

На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Македонија.

Сите заинтересирани за учество во обуката, пријавата може да ја симнат на линкот подолу, да ја пополнат и да ја испратат по пошта или електронски до Агенцијата за млади и спорт.

- ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ (симни)

- ПРИЈАВА (симни)

Коментари