ams triatlon pres w2

Агенцијата за млади и спорт е генерален покровител на Европскиот куп и Балканско првенство, кое од 14-16.09 ќе се одржи во Охрид.

По тој повод беше одржана прес конференција на која воведен говор имаше директорот Дарко Каевски.

-Македонската триатлон федерација направи огромни напори во организирање на настан од вакви размери. Агенцијата за млади и спорт ќе го потпомогне секој настан, кој освен промоцијата на одреден спорт, ќе помогне и во промоција на нашата држава, истакна Каевски.

-Се очекуваат натпреварувачи од околу 20 земји во различни категории од кадетски, младински и сениорски категории и од двата пола или околу 300 натпреварувачи. Од  Македонија во сите категории ќе учествуваат над 60 натпреварувачи, истакна генералниот секретар на триатлон федерацијата на Македонија, Гордана Николовска.Таа додаде и дека Охрид ќе биде домаќин од 13-16.09 на симпозиум за триатлон тренери во организација на Светската триатлон федерација.

-Самиот тек на натпреварот ќе се одржува во два приемени  дена и два натпреварувачки дена од 14-16  Септември. Вкупно ќе се одржат 19 натпревари во сите категории. Ги поканувам сите вљубеници во триатлонот и спортот воопшто да бидат дел од овој голем настан, изјави Иван Михајловски, претседател на триатлон федерација на Македонија.

Коментари