ams emil pres

* прв спортист cо европска титула во олимписки спорт по Могамед Ибрагимов кој беше европски првак 1998 година во борење слободен стил ; 
* прв роден Македонец од независноста на Република Македонија со сениорски европски златен медал во олимписки спорт ;* во Нови Сад го освои својот втор златен медал по триумфот на Европското првенство во Тампере 2014 година, а вкупно има три медали на континенталните шампионати, заедно со бронзениот во Монпелје 2016 година ; 
* знаменосец на првите Европски игри во Баку 2015 година на кои беше прв освојувач на медал за Македонија ; 
* олимписки стипендист во циклусот за Токио 2020 година, заедно со уште тројца наши каратисти ; 
* иако во 2014 година обезбеди највисокото признание "спортска пензија" која ја потврди во Нови Сад, Емил има уште повисоки амбиции, медал на Светско првенство и борба за олимписка норма ;
* одличната форма годинава ја најави со сребрениот медал на Премиер лигата во Дубаи а пред Е П во Нови Сад беше шампион на државното првенство и балкански шампион во Истанбул.

Коментари