Saem
Агенцијата за млади и спорт за прв пат годинава го организира настанот „Саем на кариера 2018“, кој ќе се одржи на 15-ти мај (вторник), со почеток во 10:00 часот на локацијата Кампус на општествени науки при Универзитет Св. „Кирил и Методиј“. 
Целта на овој настан е младите да се информираат и да стапат во директен контакт со компаниите, со можност да бидат селектирани за обука, пракса или пак вработување.На платото на УКИМ сите компании кои ќе земат учество ќе имаат отворени штандови, а единствено што се бара од секој млад посетител на саемот, е со себе да понесе кратка биографија во електронска форма.
Агенцијата за млади и спорт како институција која се грижи за развој на младите и нивна интеграција во работниот процес, со ваквиот настан овозможува вмрежување на младите, институциите и бизнис секторот.
Тоа што настанот се одвива пред крајот на студиската година, им овозможува на студентите полесно да стапат во контакт со компании во кои можат да ја исполнат задолжителната пракса во летниот период.
Од друга страна ова е одлична можност за компаниите, да дојдат до база на податоци од студенти кои се заинтересирани за работа и пракса, со можност за потенцијални нови вработувања.

Листата не е конечна и дополнително ќе ги објавиме компаниите кои се приклучуваат кон настанот. Покрај компаниите, свои штандови на саемот ќе имаат и Агенција за вработување на Р.М., Министерство за труд и социјална политика и Фондот за иновации и технолошки развој. Настанот е подржан од Бест Скопје и Аиесек Македонија.

Во склоп на „Саемот на кариера 2018“, ќе се одржи и панел дискусија на тема „Како до успешна кариера во македонски иновативни компании“. Листата на панелисти кои ќе бидат дел од настанот и ќе ја споделат својата успешна приказна се: Коста Петров, основач на P World, Хајан Селмани, основач на Хаселт Ит компанија, Марија Матовска, национална координаторка на наградата за социјално претприемништво Social ImpactAward, Даниел Димов, основач на Мобидонија и Иван Кунгуловски, основач на Био инженеринг. Модератор на панелот ќе биде Дона Костуранова, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ).

За регистрација на панелот кликнете на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf-oNki2Y7j9p1MnYF53Cf9oA56HZqCODpxo88QV7wP1psPng/viewform

За повеќе информации во врска со настанот следете не на : https://www.facebook.com/events/607270552981696/

Коментари