Амбасадата на Руската федерација информира за можноста за плицирање на младите за студирање во Русија.

Станува збор за 40 стипендии, кои освен студирање ќе покријат и сместување, во зависност од образовните институции спремни да примат странски државјани на обучување. Регистрација на кандидатите и пополнување на анкетата може да се извршина Russia.Study(http://www.russia.study).

Како што информираат од Амбасадата на Руската федерација, потребни документи за учество во интервјуто се:

- Целосно пополнета анкета.

- Копија од пасошот од РепубликаМакедонија (за рускидржавјани исто такакопија од пасошот од 

  РускатаФедерација).

- Копија на документи за образование и (или) квалификации ако во моментот на формирање на

 досието недостасува диплома (за која е во тек образованието) тогаш да се достави документ или

 диплома како доказ од претходното образование (последнотосвидетелство).

- Дополнителни документи (награди, благодарници и слично) – по желба.

 Регистрација на кандидатите во електронскиот систем на Russia.Study (http://www.russia.study), пополнување на анкетата и прикачување на скениранидокументи кои што се потребни за учествување на конкурсот (крајниот рок е 16 март).

Коментари