Ams 1 Riko 1

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена (Австрија), од страна на премиерите на 6 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово) беше потпишана Заедничка декларација за воспоставување на Регионална канцеларија за соработка во областа на младите, како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот, во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.

На 04.јули 2016 г. од страна на премиерите на земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина) беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка. како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.Канцеларијата со седиште во Тирана, Албанија започна со работа на 01.јануари 2017 г, а во чии тела е предвидено учество на владини и невладини претставници од земјите потписнички на спогодбата.
Во таа насока, со цел зголемување на транспарентноста и инклузивноста на процесот за воспоставување на РИКО и потребата за вклучување на младите луѓе и заинтересирани страни во овој важен процес, денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски со гостинот Алберт Хани, кој е претставник на локалната РИКО канцеларија во Македонија, одржаа прв работен состанок со работна група од 22 младински членов, во која се разговараше за прецизирање на критериумите за избор на младински преставник во Управниот одбор на регионалната канцеларија за млади на Западен Балкан (РИКО).
На состанокот беше заклучено дека во текот на денешниот ден Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО,ќе биде објавен на официјалната интернет страница на АМС и на социјалните мрежи и ќе трае 15 денови, каде после тоа, работната група повторно ќе се сретне во АМС и сами ќе учествуваат во отварањето на апликациите и изборот на младински преставник во ОУ на РИКО.

Коментари