ams ad eu w2

Инфо центарот на ЕУ беше местото на одржување на панел дискусијата  „Колку се почитуваат работничките права на младите во Македонија?“, кој проект е изработен од Коалиција на младински организации СЕГА, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и други државни и невладини организации. На стартот, уводен говор имаше Г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Г-дин Аљајдин Хавзиу, Директор на Државен инспекторат за труд на Р. Македонија зборуваше за Работнички права за младите, како и зошто треба да се гарантираат?

Г-ѓа Александра Дичевска, претставник на Агенција за млади и спорт на Р. Македонија ја дефинираше Поддршката на Агенција за млади и спорт кон младите.

За Запознавање со состојба на спроведување на работничките права во Р. Македонија зборуваше Г-дин Благоја Ралковски – Директор на Конфедерација на Слободни Синдикати

Работнички права на младите - сржта на пристојната работа ги образложи Г-дин Емил Крстановски, Национален Координатор на Меѓународна организација на трудот во Македонија.

Искуства и пракси од правни застапувања за остварување на работнички права сподели Г-ѓа Анета Баснарков – Адвокат.

Презентација на наоди од Анкетата „Колку младите ги познаваат своите работнички права“ оствари Г-дин Марјан Алексоски, Директор на Fakulteti.mk.

Настанот финишираше со Дискусија помеѓу панелистите во насока на дефинирање на препораки за подобрување на состојбите со работничките права на младите во Македонија.

ams panel site w3

Коментари