Јавен повик за формирање на Работна група за избор на младински претставник во Управниот одбор  на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.

Работната група за избор на младинскиот претставник ќе има за цел да спроведе постапка за избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан и да поднесе предлог одлука до Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Пополнетите пријави заедно со прилози за докажување на исполнувањето на критериумите, тековна состојба , како и наративен извештај за 2017 година со  кој се докажува најмалку 5 имплементирани активности,  потребно е да се испратат до:

 Агенцијата за млади и спорт (ул. Македонија бр.38 – Палата „Панко Брашнаров“ , 1000 Скопје ),  најдоцна до:12.01.2018 г. (16:30ч.)

Напомена: Лицата кои ќе се пријават да бидат членови на оваа Работна група нема да имаат право да поднесат пријава за младински претставник во Управниот Одбор на РИКО.  Секоја организација може да има еден преставник во работната група.

Пријава за РИКО за лице (Симни тука)

Пријава за РИКО за организации (Симни тука)

Коментари