ams poeti nagradeni

Агенцијата за млади и спорт по четврти пат го реализираше конкурсот за најдобри млади поети, на кој годинава пристигнаа творби од 48 автори.

По тој повод, денес, во просториите на АМС се организраше поетско читање и доделување на награди за тритте најдобри творби, кои добија симболични награди во износ од 20 илјади, 15 илјади и 10 илјади денари.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги поздрави младите поети и изјави дека е пријатно изненаден од бројот на пристигнати творби.

-Големо задоволство е да се биде со толку  инспиративни млади луѓе, кои творат поезија.

И оваа година пристигнаа голем број творби, кој се надевам дека секоја година ќе има тенденција на зголемување. Стручната комисија во состав Јовица Ивановски, Николина Андова-Шопова и Тихомир Јанчовски имаше тешка задача да ги одбере најдобрите, истакна Каевски.

На крајот, тој им подели награди на најдобрите: Радица Стојанова со творбата под наслов Неискажана, прво место, Невермор на Елена Богдановска беше второнаградена, додека пак творбата Река на авторот Никола Димитриевска беше третопласирана.

Коментари