ams slavjanski w 2

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Меѓународниот Славјански Универзитет Гаврило Романович Державин, кој  е во насока на продлабочување на меѓусебната соработка и активности, особено во делот на спортот.

 Првиот проект на оваа заедничка соработка се стипендиите за магистерски студии кои МСУ Державин ќе ги додели на спортската манифестација Избор на најдобри спортисти на годината, која во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ќе се одржи утре во НУ Драмски театар.

Најдобриот спортист и спортистка ќе добијат стипендии за магистерски студии на овој престижен универзитет, а ректорот Душан Николовскија истакна отвореноста на Универзитетот за секаков вид на соработка со Агенцијата за млади и спорт, како во делот на спортот, така и во делот на младите.  

 

Коментари