ams logo web

Тимот на Млади Инфо Интернационал во соработка со Агенцијата за млади и спорт на Македонија на ден 22.12.2017 година (понедeлник) во ЕУ Инфо центар со почеток во 10:30 часот ќе организира информативна трибина на тема „ Преглед на состојбата на младите во Македонија низ индикатори за младинско учество“ на која за прв пат, младинските организации обединети околу идејата за зголемување на младинско учество ќе дискутираат за начини за овозможување на поголема партиципација на младите во јавниот живот и процесите на донесување одлуки на локално ниво.Ова е и една од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, кој се имплементира во Србија, Албанија, Црна Гора, Турција и во Македонија од страна на Млади инфо како национален партнер за овој проект. Она што е заедничко за овие земји, покрај кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и креирањето на јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамките на едно општетсво. Водени од овој факт, на настанот релевантни професионалци од оваа област ќе презентираат истражувања на оваа тема. Акцентот ќе биде ставен на социјалната, економската и политичката младинска инклузија и следењето на индикатори за младинска вклученост, процес кој за прв пат се спроведува во нашата замја. Дополнително, учесниците ќе дознаат повеќе за можностите за дополнителни обуки и грантови за унапредување на младинската вклученост достапни за граѓанските организации.

Коментари