ams priem moto

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за Мотоциклистичката федерација на Македонија, по повод сумирање на резултати и остварувањата во годинава што изминува, како и плановите за наредната.

Беше потенциран успехот на Слободан Ивчевски, победникот на БМУ Европскиот шампионат во кружни патеки F1000, второпласираниот во истата категорија Игор Спасов, како и освојувачот на второ место на кружни патеки SP125 Христијан Бузалковски. На ниво на репрезентација имаме две трети места во Мото класик и кружни патеки, како и второ место во Ендуро.

Коментари