ams izbor 2017 web 2

Управниот одбор на СОФКА денеска ги откри добитниците на наградите 13-ноември. За најдобар спортист е прогласен капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, Раул Гонзалез е прогласен за најдобар тренер, додека РК Вардар е број еден екипа за оваа година.

Јованче Бизимовски доби награда за развој и унапредување на училишниот спорт, а Џелал Красниќ за развој и унапредување на кошаркарскиот спорт.

Д-р Боро Илиев доби награда за најдобар спортски лекар, а за најдобри спортски работници беа прогласени Крсте Војнески (атлетика) и Назим Куртовиќ (карате).

Наградите за животно дело  им припаднаа на Проф.Др.Насе Кондовски (спортски работник) и Проф.Др. Јаван Јовановски, (спорстки и научен работник), Професор на ФФКСЗ, како и Александар Анастасов (мечување) и Златко Калински(спортски новинар и коментатор во МРТВ).

ams izbor ss web 3

Коментари