ams moskva web 2

Руската Федерација ќе биде домаќин на 9-от Светски фестивал на млади и студенти, кој од 22 октомври ќе се одржи во Москва. Фестивалот на млади ќе се одвива на ниво на Меѓународни министерски ресурси задолжени за реализација на младинската политика.

Агенцијата за млади и спорт ќе има свои претставници на фестивалот во Москва, каде ќе ги презентираат идеите и насоките на работата на АМС посветена на младите и младинската политика, тргнувајќи од принципите на Националната стратегија на млади 2016-2025”.

На Фестивалот за млади ќе има простор за трансфер на знаења меѓу претставници од различни земји и размена на искуства за вклучување на младите во процесот на донесување одлуки и неформалното образование како начин за зајакнување на капацитетите и вештините кај младата популација.

Коментари