ams kino kult web 2

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура се одржа Конференција на млади. На отворањето свое излагање имаа Ивана Вучкова од ,,ФЕС  и Ивона Крстeвска од Националниот младински совет на Македонија. Конференцијата беше посветена на  националните  и регионални перспективи, маханизми и стратегии за младинска партиципации и одлучување на младинската политика. На конференцијата се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој ја истакна важноста на младинските парципации и одлучување на младите во делот на младинската политика.

Во продолжение говореше и Блажен Малевски, претседател на НМСМ и Милица Скилјевиќ, претставник на НМСМ Србија. Од регионалните центри свои излагања имааДритан Сакута – НМСМ Албанија , Дурата Прокши – цивилен актвист – Косово, како и Бујар Лума извршен директор на Централна Балканска кооперација ЛОЈА.

Коментари