-      ams tr karate 2

Викендов што следува се одбележува јубилеј по повод 50 години традиционално карате во Македонија. По тој повод се одржа прес конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт, на кој уводен говор имаше директорот Дарко Каевски.

-Агенцијата за млади и спорт во соработка со Македонската традиционална карате федерација го одбележуваат јубилејот низ повеќе активности, семинари, предавања, свечени промоции, со цел мотивирање на младите луѓе кон спортот и традиционалното карате воопшто. Во таа насока Агенцијата за млади и спорт  ја поддржува и финансиски ќе ја помогне манифестацијата наречена 50 години традиционално карате во Македонија, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

-Поддршката која Агенцијата за млади и спорт ја дава кон нашата федерација за оваа манифестација, но и за сите активности предвидени во календарот на натпревари на домашен и меѓународен план е од големо значење. Во таа насока сакам да изразам голема благодарност кон АМС и да ги поканам сите граѓани, спортисти и спортски работници на тренинг академијата со др. Владимир и Илија Јорга во Будо карате центарот Недеви”, во сабота и недела од 11-13 часот, како и промоцијата на Монографијата Половина век исполнет со успеси, закажана за сабота 13.00 часот на Универзитетот за Туризам и Менаџмент, посочи Дејан Недев.Венцислав Недев укажа на важноста на јубилејот од два аспекта:50 години е долг период за одржување на континуитет, и фактот што овој период се остварени врвни резултати достојни за претставување на Македонија на меѓународен план.

-Од таа причина ги поканувам сите љубители на традиционалното карате на свечената академија во Музејот на Македонската револуционарна борба, во недела во 19.00 часот, истакна Венцислав Недев.

Коментари