ams lizg web 2

Денес со почеток во 16.00 часот ќе настапи македонскиот претставник Ангела Прилепчанска  на ISU Junior Grand Prix (Светско Првенство во ументичко лизгање за јуниори) што се одржува во Загреб, во категоријата-жени.

Ова е голем настан за Македонската Федерација која пред неполни 3 месеци стана членка на ISU, а пред се голем настан за Македонија, која за прв пат има претставник во уметничко лизгање на Светско првенство.

Прилепчанска во рамките на овој натпревар ќе настапи и на 30.09.2017 година со Слободен состав ("Ladies Free Skating") по што ќе следи конечно бодување и рангирање во рамките на Светската Јуниорска листа за Уметничко лизгање-жени.

Коментари