Tetovo Skendija Kup 11

По повод 40 години од основањето на карате клубот „ШКЕНДИЈА“ – Тетово, на 24.09.2017 (недела), беше одржан меѓународен карате турнир „ЗЛАТЕН КУП ШКЕНДИЈА 2017“ во организација на карате клубот Шкендија - Тетово. На истиот учество зедоа спортисти и претставници од Р. Македонија, Р. Албанија, Р.Црнагора, Р.Косово, Р.Бугарија, Р.Србија, од 32 клубови со околу 300 натпреварувачи.   

Tetovo Skendija Kup 2

   Турнирот се одржа во Тетово во спортската сала во средното медицинско училиште Никола Штејн, натпреварот се одржуваше во двете карате дисциплини КАТА и КУМИТЕ, истиот се одржуваше на 3 борилишта. На оваа спортска манифестација голема чест со своето присуство одадоа

-          Заменик премирот на Владата на Р.Македонија г. Хазби Лика,

-          Заменик директорот на АМС на Р.Македонија г. Газменд Ритеми,

-          Претеседателот на Карате Федерација на Македонија г. Драган Стојановски,

-          Членот на извршниот одвор на Карате Федерација на Македонија г. Горан Милковски,

-          Претседателот на Албанската Карате Федерација г. Петрит Баба,

-          Потпреседателот на Карате Федерација на Косово г. Миљазим Халити,

-          Претставник од Карате клубовите од Црна Гора г. Скендер Таири

    Како и многу други гости ветерани од карате спортот од Р. Македонија и други места и голем број на претставници на клубови.Организаторот по повод 40 години од карате клуб Шкендија им додели плакети, признанија и златниот медалји за 40 годишнината на карате клубот “Шкендија”- Тетово. Како најмасовен клуб во турнирот од внатрешноста  е прогласен КК.ФОРЦА” - Скопје и најмасовен клуб од странство е прогласен КК. КАСТРИОТИ” од Урошевац Р. Косово и најуспешни клубови со повеќе добиени медалји се прогласени клубовите: КК. ФОРЦА” – Скопје,КК. УРБАН ИНВЕСТ- Кавадарции и КК. ФУНАКОШИ ГИЧИН – Скопје.

Коментари