Контакт информации

Веб: www.msu.edu.mk/index.php/2013-04-09-10-50-18
Телефон: (032) 440-330
Адреса: ул."Маршал Тито" 77, 2220 - Свети Николе | Google мапа

За факултетот

На Меѓународниот Славјански Универзитет “Г.Р. Державин“ – Свети Николе, Битола во учебната 2012/2013 година започна со работа Факултет за безбедносно инженерство со две насоки и тоа: Безбедност при работа и Безбедност од пожари, со два степени на образование: додипломски и последипломски студии. Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија ќе овозможи едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа како и безбедност од пожари, со цел поефикаснои поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.

Факултетот за безбедносно инженерство има акредитација согласно Законот за високо образование. Наставниот процес на Факултетот за безбедносно инженерство е усогласен со Болоњската декларација и на истиот е воведен Европскиот кредит трансфер систем (ЕСТЅ). На студиските програми на прв циклус студии може да се запишат лица кои имаат завршено четиригодишно средно образование.

На студиските програми на втор циклус студииможе да се запишат лица кои имаат основно академско образование (во траење од најмалку три години и најмалку 180 ESPB бодови, или четири години студии со најмалку 240 ESPB бодови). Студиите за додипломски студии траат три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕЅРВ бодови, а студиите за последипломски студии траат две години и обемот на студиите изнесува 120 ЕЅРВ бодови.

Основна цел на програмите е оспособување на студентите за примена на научни и стручни достигнувања во областа на инженерството и менаџментот во управување со безбедност при работа и пожари во организациите. Академска титула на додипломските студии едипломиран инженер за безбедност при работа, како и дипломиран инженер за безбедност од пожари.

Академска титула на последипломските студии емагистер за безбедност при работа, како и магистер за безбедност од пожари. Дипломата од Факултетот за безбедносно инженерство овозможува широка можност за вработување во: мали, средни и големи претпријатија (индустрија, градежништво, сообраќај, шумарство, земјоделство, трговија, угостителство, водостопанство и др.) министерства, образовни организации, научно-истражувачки организации, испекциски органи итн.

Коментари

x