Марјан Спасески – директор на Агенција за млади и спорт

Роден е на 3 април 1985 година во Скопје, каде завршил основно и средно медицинско училиште. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за одбранбени и мировни студии со просек 9,60. Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на Институтот за кривично право и криминологија со просек 10,00.

Професионално искуство:

По дипломирањето работел како проектен координатор во Невладиниот сектор, а од 2009 година работел во Општина Кисела Вода, во Секторот за поддршка на Градоначалникот. Од јануари 2014 година е назначен за Директор на Агенцијата за млади и спорт.

Дополнително образование/учество на семинари, конференции, обуки:

  • Учесник на обука: Односи со јавност и протоколарни средби (Еуроконсалт - Париз, Франција) (2012)
  • Учесник на обука: Процес на одлучување и ефективни техники за донесување одлуки (Сандански, Р. Бугарија) (2012)
  • Учесник на курс: Запознавање со политиките на ЕУ и ИПА инструментот, СЕП (2012)
  • Учесник на обука: Организациска култура преку ПР-техники (Сандански, Р. Бугарија) (2012)
  • Учесник на обука: Подготовка на ИПА апликации, ИПА тренинг центар, Секертаријат за европски прашања    (2012)
  • Учесник на обука: Подготовка на ИПА апликации, ИПА тренинг центар, Секертаријат за европски прашања    (2011)
  • Учесник на обука: зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите, организирана од Институт за демократија (2011)
  • Учесник на обука: Комуникациски вештини и правила на кореспонденција, организирана од ЗЕЛС    (2010)
  • Учесник на обука: Односи со јавност-дефинирање, модели и оргснизирање на ПР-служба, организирана од ЗЕЛС    (2010)
  • учесник на семинар: Улогата на секторот за продажба во вашата компанија, со предавач Мајкл Барнс, експерт за продажба, Скопје (2010)
  • учесник на обука за оперативен менаџмент организирана од USAID.    (2009)
  • учесник на работилница “Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ”, организирана од UNDP и Министерството за локална самоуправа, Скопје                 (2009)
  • учесник на меѓународна конференција: ,,Globalization, Peace and Security‘‘, ИОМС, Филозофски факултет-Скопје                  (2007)
  • учесник на меѓународна работилница: ,, Security sector reforms in Macedonia as a post-conflict society”, Охрид                         (2007)
  • учесник во меѓународна вежба за помош во катастрофи и хуманитарна помош: ,,Светлина ‘07”, Криволак                  (2007)
  • учесник на курс по јавен менаџмент (ИСУМ)     (2007)
  • учесник на меѓународна конференција на Интеруниверзитетскиот Центар за постдипломски студии, Дубровник, Хрватска   (2006)
  • учесник на Школата за евроатлански интеграции (Загреб)                                                            (2006)
  • учесник на научна трибина: ,,Прашањето за Косово и безбедносните импликации врз Р.М.”, Скопје                      (2005)
  • учесник на научна трибина: ,, Перспективите на Р.М. на патот кон ЕУ и НАТО”, Скопје                                                             (2004)
  • учесник на форум: ,,Македонија на патот кон НАТО”, Министерство за одбрана и ИОМС, Скопје                            (2003)

Дополнителни релевантни информации:

Носител на стипендија од Министерството за образование и наука за талентирани студенти (за средно, високо образование и постдипломските студии).

Трикратен државен првак во карате, носител на црн појас (прв дан).

Овластен дисеминатор по меѓународно хуманитарно право.

Член на републичка комисија за дисеминација (2008-2012).

Автор и коавтор на 5 прирачници за Меѓународно хуманитарно право (Издавач: Црвен Крст на Република Македонија).

Активно го владее англискиот јазик.